ЛК: Шкендија евентуално ќе игра против АИК или Ворксла, а Македонија ЃП со подобриот од Сент Патрик/Мура

381

Во Нион предмалку се одржа и ждрепката за 3.квалификациска рунда во Лигата на Конференции. Две наши екипи ги дознаа своите можни ривали, се разбира само треба да се мине второто квалификациско коло.

Па така, ако Шкендија успее да ја мине Валмеира (Летонија), тогаш во третата фаза ќе игра со победникот од двомечот меѓу АИК (Шведска) и Ворскла (Украина).

Незгодна ждрепка за тетовци, тоа е повеќе од јасно.

Македонија ЃП, ако пак направи изненадување, и успеа да ја елиминира ЦСКА Софија, тогаш во 3.квалификациско коло ќе се сретне со подобриот од двомечот меѓу Сент Патрик (Ирска) и Мура (Словенија)

Да споменеме дека натпреварите од третата рунда предвидено е да се играат на 4 и 11 август.

ПретходноЈончевски е прв кандидат за местото на Бајиќ!
СледноДибиров и официјално го напушти Вардар: Среќен сум што доаѓам во Загреб