Левандовски: Време е Барселона да се врати онаму каде што и е местото (ВИДЕО)

178

Роберт Левандовски го даде првото официјално интервју откако е дел од тимот на Барселона. Напаѓачот долго време беше во исчекување дали ќе се пресели на Ноу Камп, за да на крајот Баерн Минхен сепак, се одлучи да го продаде, по што полјакот немаше веќе пречки пред себе за да замине во новиот клуб.

„Конечно сум овде и многу сум среќен што дојдов во Барселона. Последните денови за мене беа исклучително долги но конечно се добро се заврши. Јас сум човек кој сака да игра напаѓачки фудбал и да победува, а со Чави тоа секако дека е можно. Време е Барселоа да се врати на старите патеки. Тука сум за да му помогнам на клубот повторно да освојува трофеји“ – изјави Левандовски па додаде.

„Сега ќе се фокусирам на ново поглавје од мојата кариера, и воопшто мојот живот. Сепак, во суштина јас сум истата личност која само сака да победува на секој меч и да освојува трофеји“ – потенцираше Левандовски, при пристигнувањето во Мајами, САД, каде што Барселона е на подготовки во моментов.

ПретходноЕкс играчот на Леверкузен, Ред Бул Лајпциг и Кајзерслаутерн на проба во Брегалница
СледноСрпскиот селектор бакнува италијанска одбојкарка на сред терен! (ВИДЕО)