Екипата на Струга Трим Лум забележа убав триумф на домашен терен во рамките од подготвителниот период летово, над екипата на Егнатиа од Албанија. Конечниот резултат гласи 4:2, во дуел во кој домашните водеа со 4:0, па дури потоа гостите од Албанија, упсеаа да намалат.
Гол серијата ја започна Фљамур Таири од белата точка, ја продолжи Бесарт Ибраими од идентична ситуација, а потоа во листата на стрелците се запишаа уште и Јусуфи односно Мерџани.
Од таборот на Струга Трим Лум се задоволни од начинот на кој што е одигран овој меч и велат дека формата летово полека го добива својот вистински лик.