Елмас останува под Везув: Наполи ќе им каже “НЕ“ на Милан и Торино!

326

Според италијанскиот “ИЛ Матино“, Елиф Елмас по се изгледа дека ова лето нема да направи спектакуларен трансфер во Милан, но и во Торино. Имено според овој медиум, Наполи немал намера да го пушти Дијамантот и сите понуди што му биле доставени за евентуален трансфер ќе ги одбие.

Имено покрај Милан и Торино биле тие клубови кои покажале интерес за нашиот репрезентативец, но засега клубот од под Везув не сакал ниту да разговара на таа тема.

Останува прашањето до кога ќе биде така. Инаку се наведува дека за останување на Елмас во Наполи бил и самиот тренер Лулчано Спалети кој инсистирал од раководството на клубот нашиот репрезентативец и натаму да остане во Наполи.

ПретходноМарка тврди: Роналдо бил на третман кој го користат порно актерите!
СледноМанчестер Јунајтед продолжува да гази во подготовките (ВИДЕО)