Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ и претседателот на Работнички, Ристо Гапиќ на прес-конференција ги најавија плановите за следната сезона.
Она што веќе беше најавено денеска доби потврда. Визијата е да се врати вистинскиот сјај на клубот, а оној кој ќе биде вклучен во реорганизацијата ќе мора да работи максимално посветено.
Богдановиќ не го криеше своето незадоволство. Оваа сезона клубот од „Градски парк“ не освои ниту една титула.
„За жал оваа година Работнички не ги постигна очекуваните резултати на спортски план. Ние како раководство максимално се потрудивме да ги обезбедиме сите услови да ги имаат играчите, да бидат навремено исплатени, се со цел, максимумот да се даде на терен. Задоволен од партнерите кои не поддржуваа, како сите луѓе кои беа вклучени во целиот процес.
Не успеавме да го освоиме првото место, ниту Купот на Македонија, затоа ќе следи целосна реорганизација. Единствено нешто е што ќе бараме да изготват програма, со срце, да работат со љубов, да дадат се од себе да го вратат Работнички таму каде што му е местото, а ние ќе им ги обезбедиме сите услови. За наредната сезона имаме најави за уште посериозни партнери“, изјави Богдановиќ.
Под договор со најтрофејниот кошаркарски колектив единствен е Марин Докузовски, сите останати имаат завршени обврски, но тоа не значи дека дел од нив нема да се најдат во состав.
„Докузовски има договор на уште една година. Се согласивме да се променат улогите, да се даде шанса на Мираковски, но ете не се погоди како вистински потег“, изјави Богдановиќ.
Веќе се преговара со тренери и играчи. Планот да има млади и талентирани играчи, помогнати од поискусни имиња, но не било какви.
„Започнати се преговори со тренери и играчи за да летово да почнеме со подготовки со една млада екипа.
Видовме дека младите играчи се подготвени да се дадат се од себе, наша желба е да ги собереме сите млади таленти. Сигурно ќе земеме и поискуни играчи. Ние е решение да направите скап тим, наша цел да е да прозиведиме млади што нешто што не красело во минатото“.
Работнички и следната сезона ќе остане во АБА2-лига, потврдата е стигната нема да се отстапува од ова натпреварување.