Адеми: Не ги потценивме, одиме на победа во Скопје

453

Во првиот натпревар од 2. квалификациско коло од фудбалската Лига на шампиони, Шкупи успеа да извади реми 2:2 на гостувањето кај Динамо во Загреб.

Капитенот на хрватскиот шампион, нашиот Аријан Адеми го постигна првиот гол на домашните, но не беше задоволен од исходот.

„Немаше потценување. Добро го почнавме натпреварот, ги стиснавме на нивната половина. По мојот промашен удар, западнавме во криза и го примивме тој несмасен гол. Се вративме на крајот, а потоа уште една грешка. Тоа е фудбалот. Следниот натпревар е за три дена, одиме на победа во Копривница, а потоа во Скопје“, вели Адеми.

ПретходноЧаир во еуфорија, ПЕКОЛ го чека Динамо во Скопје!
СледноЕте вака игра Шкупи: Чаирско селфи за паметење! (ФОТО)