Роберто Гарсија Парондо повеќе не е селектор на Египет. Шпанскиот стратег кој на Вардар му ја донесе втората титула во Лигата на шампиони, победнички си замина од оваа репрезентација.
Египет го освои шампионатот на Африка и завери место на СП 2023, ден потоа Египетската ракометна федерација соопшти дека соработката со Парондо е прекината после три години.
Парондо останува тренер на Мелсунген и втора сезона.