Шкупи од авион на тренинг!

727

И покрај ремито и одличниот резултат во Загреб, каде со Динамо одиграа 2:2, сепак стратегот на чаирчани Гоце Седлоски не им даде ниту минута одмор на своите играчи. Веднаш од авион па на тренинг, имено по слетувањето во Скопје, по едночасовниот лет од Загреб, фудбалерите и тренерите заминаа да го одработат тренингот.

Колку е полесно кога не се патува два дена, и кога леташ со авион директно на релација Скопје – Загреб – Скопје.

Инаку овој потег на Седлоски секако дека е доказ дека тој и неговиот тим апсолутно имаат намера во вторник на Арената, пред своите фанови, да одиграа максимално и да се обидат да го елиминираат Динамо Загреб.

ПретходноАмериканецот Бутрик ново име во ТФТ!
Следно“Лавовите“ со порака: Не сме под притисок што ќе играме со бугарска екипа!