Противникот на Македонија ЃП во утрешниот прв меч од 2. квалификациско коло во Конференциската лига, бугарска ЦСКА Софија денеска тренираше на теренот на Тренинг центарот на Фудбалската федерација на Македонија.
Бугарите го „пробаа“ теренот на кој утре ќе биде и фудбалски и температурно „жешко“, а додека тренираа беа под полициско обезбедување.