Костадинов: Ова е голем предизвик за нас, го чекаме со голема возбуда

548

Македонскиот репрезентативец Тихомир Костадинов, на денешната прес-конференција во Букурешт најави дека националниот тим ќе даде максимум да оствари добар резултат на ова Европско првенство.

„Овие натпревари, последните два беа една добра увертира за ЕП. Одигравме добри натпревари, знаеме дека се пријателски, но последниот меч со Казахстан ќе ни помогне за нашата самодоверба, за тоа како ќе одиграме на првите мечеви во ЕП. Одработивме добар дел во овие две недели во кои сме заедно. Било кој противник да беше како прв, секој меч ќе биде тежок и е еден голем предизвик за нас затоа што сме првпат на едно вакво натпреварување и секој меч го чекаме со голема возбуда. Австрија не победи на последните два меча, но ова е нов натпревар, нов ден, на тие дуели не мислиме, само да ги поправиме грешките и да се подготвиме максимално за да го добиеме тој натпревар.

Очекуваме поддршка од нашите навивачите, знаеме дека се најгласни и најдобри, и многу ќе ни значи нивната поддршка“, рече Костадинов.

Играчот од средниот ред смета дека е добро што сите не сметаат за аутсајдери, со оглед дека притисокот ќе биде кон противниците.

„Добро е што не сметаат за аутсајдери, мислам дека ќе бидеме повеќе опуштени и притисокот ќе биде помал кон нас, а ќе биде кон репрезентацијата. Секоја селекција се смета за фаворит против нас, а тоа може многу да ни помогне.“, изјави Костадинов. 

Претходно„Тука има место само за најдобрите, Австрија нема да помине лесно со нас“
СледноДешамп ги смири навивачите: Бензема не е тешко повреден