Уште една сосема добра игра, но без краен ефект на нашата машка кадетска репрезентација на вториот од двата предвидени контролни натпревари во Белград. Селекцијата „Под 16“ години на Србија на крајот дојде до победата (77:64) во натпревар во која го одлучи само една одлично одиграна четвртина на српската кадетска селеција, втората, во која и беше решен победникот.
Кадетската селекција на Србија имаше минимално водство во првите десет минути (15:14). Но затоа „орлите“ скоро перфектно ја одиграа втората во која реализираа дури 30.поени, ние само 13, за убедливи (45:27) на големиот одмор.
По нерешените (14:14) во третиот период од проверката во Белград, нашите кадети одиграа најдобро во последната. Ја решија во своја корист со (23:18), што беше доволно да го ублажиме високото водство на противникот.
Во нашата селекција Дино Лазарев беше единствениот играч со двоцифрен број на поени. Реализираше 14.поени (4/9 во шутот за три), а Марјановиќ, Јаничиќ и Младеновски реализираа по девет.