Македонија против Бугарија за седмото место во Тбилиси (ЛИНК)

315

По двата убедливи порази од Естонија и Летонија, македонската кошаркарска репрезентација до 20 години денеска (12:30 часот) ќе се обиде победнички да го заврши Европското првенство „Б“ Дивизија во Тбилиси.

Селекторот, Никола Василев и неговите избраници ќе играат против Бугарија за седмото место на ова натпреварување. „Црвено-жолтите“ имаа блескави моменти, но и дуели кои засега покажуваат дека кошаркарска Македонија има право за загрежиност. Во оваа генерација која треба да биде дополнение за сениорскиот национален тим, малку има светлина, кошаркари кои се издвојуваат.

Смената на генерации ќе оди бавно, ќе треба многу да се работи на иднината, ваквите првенства да бидат единствена причина за собир на кошаркарите, во текот на целата година мора да се најде време да се работи за доброто утро на мак-баскетот.

Да се надеваме дека денеска ќе успеат да се издигнат и ќе дојдат до триумфот, кој го заслужуваат, пред се поради борбеноста која ја демонстрираа.

Претходно17-годишен фудбалер е замената за Левандовски во Баерн!
СледноПике долго време ќе го памети она што му се случи во Лас Вегас (ВИДЕО)