Динамо Загреб по шокантното реми против Шкупи, дојде до убедлива победа над Славен Белупо во Копривница од 5-1. Противникот на актуелниот македонски првак за Скопје лета утре, се надевам дека ќе ги поправи сите грешки.
„Немам големи сомнежи. Имам уште три дена, ќе го видам рефлексот од оваа игра на тренинг, па последен го имаме во понеделник во Скопје. Имаме искуство од последниот натпревар со нив, сега подобро се познаваме. Знаеме каде згрешивме, каде треба да бидеме подобри и на тоа ќе работиме преку видео анализа, разговор и два тренинга. Верувам дека сепак Динамо е подобар. Влегуваме без комплекси, без страв, свесни сме дека сме подобри и дека тоа треба да го потврдиме за 90 минути“, изјави Анте Чачиќ.
Натпреварот е закажан за вторник во 21 часот, билетите веќе се пуштени во продажба.