Тимот на Валмиера, противникот на нашиот претставник во Европските купови летово, тимот на Шкендија, викендов на добар начин се рехабилитираше од поразот од тетовци на домашен терен од 1:2. Обебзеди домашен триумф од високи 6:1 против тимот на Мета, и со многу мотиви и позитивна енергија ќе пристигна на реваншот во Скопје.
Шкендија има предност од првиот дуел, но далеку дека се е готово напротив. Ваквите реванш мечеви во кои противникот нема што да загуби се најлошите затоа што се може да се случи.
Реванш мечот од квалификациите за Лигата на Европа помеѓу Шкендија и Валмиера се игра в четврток на Арената Тодор Проески во Скопје со почеток од 20:00 часот.