“Бомба“ од Каталонија: Чави побарал да му се донесе Меси!

1191

Пуста желба или реалност. Како што јавуваат попладнево и вечерва медиумите во Шпанија, а пред се оние во Каталонија, стратегот на Барса, Чави Ернандез побарал од Хоан Лапорта да му се донесе Лео Меси.

Желбата на Чави била иконата на Барса, да се врати на “Камп Ноу“ следната сезона кога на Аргентинецот му истекува договорот со ПСЖ.

Се разбира дека за ова се прашува и самиот Меси, кој според информациите од Каталонија, секако дека не би имал ништо против да ја заврши својата блескава кариера таму каде што и ја започна, на “Камп Ноу“ и тоа во дресот на Барселона.

ПретходноБарса го договорила Кунде за 60 милиони евра!
СледноШкупи со порака: Скопјани, дојдете во вторник на Арената да направиме историја!