Шкупи со порака: Скопјани, дојдете во вторник на Арената да направиме историја!

3878

Во вторник на Арената во Скопје со почеток од 21 часот, нашиот шампион против Динамо Загреб ќе го одигра возвратниот дуел од 2.квалификациско коло во ЛШ. Првиот меч во Загреб беше 2:2, па ете шанса Шкупи да оди натаму.

Јасно е дека ќе биде тешко против силниот Динамо, па затоа чаирчани упатија порака преку своите социјални мрежи до граѓаните на Скопје.

Во неа се вели…

Драги граѓани на Скопје како и подржувачи на Шкупи, во вторник сме на чекор до испишување на историја и пласман во третата квалификациска рунда во ЛШ. За да се случи ова на нашиот тим му е потребна поддршка. Дојдете на Арената, ни треба вашата поддршка“.

Инаку билетите и натаму се продаваат, а чина од 150 до 1.000 денари.

Претходно“Бомба“ од Каталонија: Чави побарал да му се донесе Меси!
СледноСветот има нов рекорд во скок со стап (ВИДЕО)