Светот има нов рекорд во скок со стап (ВИДЕО)

863

Фантастичниот Арманд Дуплантис не престанува да го воодушевува спортскиот свет со своите можности и капацитети. На атлетскиот мундијал во Јуџин, САД, тој го сруши својот актуелниот светски рекорд во скок со стап и постави нов 6 метри и 21 сантиметар.

За 22. годишниот швеѓанин ова е прво светско злато, а истото го обезбеди веќе на височина од 6.00 метри. За новиот светски рекорд ќе добие награда од 100.000 долари.

Второто место го освои американецот Крис Нилсен, со прескокнати 5.94., додека филипинецот Ернест Џон Обиена освои бронзен медал со истата височина но обезбедена од втор обид.

ПретходноШкупи со порака: Скопјани, дојдете во вторник на Арената да направиме историја!
СледноМихамбо го одбрани златото во скок во далечина, Србија „врие“ Шпановиќ е ограбена!? (ФОТО)