На Роналдо му е затворена уште една врата!

285

Португалскиот репрезентативец дури вчера се врати во Манчестер за да се сретне со раководството на клубот околу неговата иднина. Желбата на Кристијано Роналдо е да го напушти „Олд Трафорд“ и да игра Лига на шампиони, додека пак менаџерот на „црвените ѓаволи“ сака да го задржи во тимот, тоа го потенцираше пред неколку дена.

Многумина ги изненади информацијата дека би можел да премине во редовите на Атлетико Мадрид, што пак е помалку изненадувачки бидејќи станува збор за најголемиот ривал на неговиот некогашен тим, Реал.

Но, набрзо дојде демант, првиот човек на Атлетико исклучи ваква можност.

„Не знам кој ја измисли оваа приказна, но невозможно е Роналдо да дојде во Атлетико“, изјави првиот човек Енрике Серезо.

Како втор фаворит за услугите на Роналдо е Челзи. Дали навистина ќе се случи изненадувачки трансфер ќе биде познато наскоро.

ПретходноЈанковски и Јакиќ нови имиња во Голден Арт!
СледноИлија Лончаревиќ: Адеми е играч од светска класа