Јанески се врати во Куманово, останува и Зивчевиќ!

155

Екипата на Куманово продолжува со создавање на тимот за новата сезона. По кинескиот интернационалец Кикаи Сун, кој е вистинска сензација, старо-ново име е Марјан Јанески.

Поранешниот македонски репрезентативец после две години се враќа во дресот на кумановскиот прволигаш. Тој настапуваше во сезоната 2019/2020.

Договорот со Куманово го продолжи еден од најискусните од минатата сезона. Ненад Зивчевиќ договори нова соработка, па се очекува да биде лидер и во следните две години, колку што гласи неговиот договор.

ПретходноВМФЛ – 1.коло: Вардар сезоната ја почнува кај Аресими, Гостивар со Пехчево, Пелистер во Гевгелија…
СледноКуп на Македонија – 1/16 ФИНАЛЕ: Шкупи на гости кај Беласица, Вардар во Каменица…