Она што се најавуваше веќе подолго време, од денеска е и официјално. Жил Кунде е нов член на Барселона. Каталонскиот гигант ја доби битката со Челзи за дефанзивецот на Севилја и сега можеше слободно да го претстави како свое ново име.
Тој денеска пристигна во Барселона, веднаш замина на лекарски прегледи. Инаку Барса на Севиља за Кунде треба да и плати отштета од 50 милиони евра плус бонуси.
𝑯𝒐𝒍𝒂 𝑪𝒖𝒍𝒆𝒓𝒔! 💙❤ pic.twitter.com/IbWIMnEjQV
— FC Barcelona (@FCBarcelona) July 28, 2022