„Бугар“ не се станува, „Бугар“ се раѓаш

2621

 

Екипата на Македонија ЃП е елиминирана од понатамошните борби во квалификациите за Конференциската лига откако попладнево доживеа пораз во Софија со 4:0. Оние 0:0 од Скопје беа „поништени“ со реално подобрата игра на поквалитетниот притивник во овој дуел. И тоа е во ред. Во фер и коректна игра на теренот „Лавовите“ се збогуваа со Европа летово и сега можат да се сконцентрираат на она што следува. Ќе го помнат овој дуел, како уште еден во низата на некогашниот првак на Македонија на меѓународна сцена, но и по навредите на публиката на стадионот на Армијата во Софија. Ечеше пред старот на мечот, „Бугари, Бугари“ кон нашите фудбалери кои сосема професионално, онака како и што треба не реагираа. Како да беа глуви. Да, глуви на навредите на национална основа. Навредите од страна на граѓаните на Европа, на членовите на Европската унија.

Од оние од кои што наводно  ние Македонците треба да учиме како, за да станеме дел од ЕУ. Ако е ова таа лекција, не фала. Не сакаме да ја научиме. Барем јас не сакам, е верувам и фудбалерите на Македонија ЃП, кои достоинствено ги изигнорираа сите навреди. Навредите од оние што не нарекуваат Бугари, а беа пречекани во Скопје најфер и најкоректно.

Начинот на кој што се однесуваш кон противникот особено на спортски план кажува многу за тебе. Пред се затоа што тоа е поле каде што треба, мора да преовладува почитување, фер, коректност, карактер, кодекс на однесување, па потоа кој е подоба нека победи.
Да ЦСКА денеска беше подобра, победи, ама само на терен. На трибините си го покажа „лицето“ она вистинското. Бугарско. Кое неможеш да го изимитираш, не можеш да го вментеш во себе. Или го имаш или го немаш. Или си Бугар или неси.

За среќа ние не сме…

 

 

 

ПретходноНа „Лавовите“ им се стемни во Софија
СледноАматерски грешки и мизерен дебакл (ВИДЕО)