Старт во новата сезона како од соништата за Дарко Чурлинов во дресот на Штутгарт. Македонецот е стрелец на првиот гол во официјалниот дел од сезоната за својот тим.
На гостувањето во Дрезден, против Динамо, во меч од Купот на Германија, Македонецот ја погоди мрежата на домашниот состав за водство на Штутгарт од 0:1, тоа се случи во 33.минута и со тој резултат се замина на полувреме.
Голот можете да го видите на следниот ЛИНК.