Роналдо порача: “Кралот“ ќе игра во недела! (ФОТО)

927

Дали ова е конечно? Дали Кристијано Роналдо навистина ќе игра и натаму за Манчестер Јунајтед? Да, ако се суди по тоа што тој напиша на социјалните мрежи. Имено тој потврди дека во недела ќе игра против Рајо Ваљекано. А како ќе игра ако се знае дека досега не одработил ниту еден тренинг со Јунајтед ова лето, тоа секако дека не го кажа.

Кралот ќе игра во недела“ кусо напиша Португалецот.

А во недела Манчестер Јунајтед ќе игра против Рајо, тимот на нашиот Столе Димитриевски.

Инаку Роналдо бил многу гневен на медиумите. Имено тој посочи дека никогаш не ја говореле вистината за него.

Колку за потсетување, Роналдо во изминатите месец дена се поврзуваше со Манчестер Сити, Челзи, Барселона, Реал Мадрид, ПСЖ, Баерн Минхен, Наполи, Рома, Спортинг Лисабон…, но по се изгледа дека ќе си остане на „Олд Трафорд“.

Image

ПретходноМилан го комплетираше трансферот на Де Кетелар!
СледноРК Скопје го претстави Трајковски!