Мурињо сака играч од 100 милиони евра, лично се ангажирал за него!

673

Жозе Мурињо подготвува вистинска бомба во италијанскиот фудбал. Португалскиот тренер би сакал Андреа Белоти, италијанскиот напаѓач на кој му истече договорот со Торино, следната сезона да го носи дресот на Рома. Не беше постигнат договор околу продолжување на соработката, а засега се уште нема конкретни понуди околу продолжувањето на кариерата.

Сепак, италијанските медиуми откриваат дека тимот од главниот град е заинтересиран да го ангажира човекот за кој претходните денови за малку ќе се степаа тренерот и спортскиот директор на Торино. Јуриќ е незадоволен што Белоти си замина, а замената не стигна, па за малку ќе влезеше во физичка пресметка.

Според новинарите од Апенините, стрелецот на дури 113 гола во дресот на „биковите“ од Торино би можел да ја засили „волчицата“, директно на инсистирање на Жозе Мурињо, кој лично имал телефонски разговор со италијанскиот репрезентативец. .

Сепак, за Белоти да пристигне во Рим, треба да се исполни еден услов – а тоа е Елдор Шомуродов да го напушти клубот. Узбекистанецот има договор на уште четири години, но се почесто се споменува дека следната натпреварувачка сезона би можел да ја помине на позајмица во Торино или Болоња, што би отворило простор за доаѓање на Белоти.

ПретходноЧави: Секако дека сум за враќање на Меси во Барселона
СледноИзраел не приземји на стартот на ЕП во Измир