Противникот на Македонија не е пристигнат во Скопје, Индија – Казахстан не се одигра!

214

Светското првенство за ракометарки до 18 години и официјално стартуваше, домаќин е Скопје. Но, во време на хаотични летови низ целиот свет, лоши конекции, дел од репрезентациите кои треба да учествуваат се уште не се пристигнати.

Една од нив е селекцијата на Сенегал, првиот противник на нашите ракометарки. Дуелот е закажан во 20:30 часот во СЦ „Јане Сандански“, но експедицијата од оваа земја е заглавена во Истанбул, се бара начин како да стигне до нашиот главен град, особено што сите авионски линии се одамна „букирани“.

Во Скопје не е пристигната ниту Индија, денеска (10 часот) требаше да ги одмери силите со Казахстан, но според информациите оваа селекција се очекува да пристигне подоцна, па најверојатно дуелот ќе се одигра во друг термин.

Засега ја нема ниту репрезентацијата на Гвинеја, ракометарките тргнаа кон Скопје, но и тие се чини директно од аердром ќе одат во сала, играат со Романија во 20:30 часот.

ПретходноВернер се враќа онаму каде што беше најдобар!
СледноЈуниорите на мегдан со Израел на ЕП, јуниорките против Португалија (ЛИНК)