ФК Шкендија: Правилата мора да бидат испочитувани

1875

 

Во врска со пишувањата во некои медиуми за реакциите на фоторепортерите од спортските медиуми, присутни на натпреварот помеѓу ФК Шкендија и ФК Валмиера од Летонија, одигран на ден 28.07.2022 (четврток), ФК Шкендија смета за должност да ја информира јавноста дека според правилата на УЕФА пропишани во протоколот за организација на фудбалски натпревар, фоторепортерите во натпреварот се акредитирани за зона број 2, а според горенаведениот протокол, фоторепортерите на смеат да се движат во зона број 1. (Види слика број 1 и 2).

Агенцијата за обезбедување на натпреварот е должна, од почетокот па се до крајот на натпреварот, да се грижи за доследно почитување на протоколот за организација на футбалски натпревар, на сите лица присутни во стадионот.

Ова посебно имајќи го в предвид дека за секој пропуст при организацијата на натпреварот следува и казна од страна на делегатот на УЕФА, кој што беше присутен на горенаведениот натпревар.

ФК Шкендија е сериозен клуб кој се грижи за доследно почитување на сите точки пропишани во протоколот за организација на натпревар, посебно имајќи го в предвид дека за непочитување на истиот следуваат казни од УЕФА.

 

ПретходноЛеброн не планира пензија, ќе ги напушти Лејкерси откако ќе земе 97 милиони долари!
СледноПочна пријавувањето за традиционалниот турнир во мал фудбал „8-ми Септември“ – Маџари и Триангла 2022