Во четврток (4 август) Шкупи и Шкендија ќе ги одиграат своите први мечеви од 3.квалификациско коло во Лигата на Европа и Лигата на Конференции.
Шампионот Шкупи, во рамките на ЛЕ, му гостува на Шамрок Роверс, и тоа во Даблин (Р. Ирска). Мечот почнува во 21часот а главен судија ќе биде Бартош Франковски, еден од најдобрите полски суди. Него ќе му помагаат Марцин Боњек, Јакуб Винклер и Криштоф Јакубик, исто од Полска.
Шкендија во првиот меч од ЛК,ќе гостува во Стокхолм (Шведска) каде се среќава со домашниот состав на АИК. Мечот започнува во 19 часот. Главен судија ќе биде Брам Ван Дриеше од Белгија, додека него ќе му помагаат Кевин Монтењи, Ромаин Девилерс и Кевин Ван Дам.
Колку за потсетување, Дриеше судеше во Скопје на средбата меѓу Македонија ЃП и ЦСКА Софија.