Иако веќе подолго време ПСЖ се обидува да се ослободи од Нејмар, од својата прескапа бразилска супер – ѕвезда, сепак се чини дека работите одат во насока дека тој ќе остане на “Паркот на принцовите“ и дека ќе биде тука заедно со Меси и Мбапе, како би дошол до пехарот во Лигата на Шампионите.
За тоа говори и денешната изјава на Криштоф Галтие, новиот стратег на “светците“ кој за Нејмар говореше само во суперлативи.
„Тој е светска ѕвезда, тој е голем професионалец. Видов среќен фудбалер што е тука со нас кај него. Дојде на стартот на подготовките во форма, не пропушти ниту еден тренинг“ посочи Галтие.