Нашата женска репрезентација стартуваше со убедлива победа на У-18 СП и тоа со победа над Сенегал од 32:13(17:7). Сосема добра игра на избраничките на селекторот Љубомир Савевски, против тимот кој дојде доцна во Скопје и во секое друго сценарио беше аутсајдер.
Уште на стартот тие ја презедоа контролата на играта, и просто го полнеа голот на претставникот од Африка.
Имавме водство од 9-4, кое потоа во првиот дел се зголеми и на 16-6, а на пауза се замина со 17:7.
Во вториот дела Сенегал како малку да се ослободи од притисокот, беше поактивен, но само на моменти. Нашите ракометарки кога сакаа да “притиснат“ тоа добро го правеа, па на крајот мечот заврши со 32:13, голема и убедлива, секако заслужена победа во првиот меч на СП во групата Б.
Најефикасни со по пет голови во нашата репрезентација беа Ризоска, Бор.Коцева која имаше максимален учинок од пет шута и исто толку голови, потоа Душкоска, Бој. Коцева.