Македонската женска кадетска репрезентација со убедлива победа стартуваше на Светското првенство кое се одржува во Скопје. Избраничките на Љубомир Савевски на првиот меч ја совладаа селекцијата на Сенегал со 32-13.
Следен противник е репрезентацијата на Узбекистан, мечот се игра вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 20:30 часот. Предводникот на „црвено-жолтите“ е среќен за победата, но вели дека треба да бидат внимателни, бидејќи денеска ќе имаат потешка задача.
„Секој старт на големите турнири е тежок, а девојките беа многу возбудени. Постоеја некои грешки, но, сепак, се работи за прв натпревар и ние ќе бидеме подобри. Среќен сум за победата. Во следниот меч имаме подобар противник, а во третата рунда го имаме Иран. Па, така, мора да бидеме подобри и подобри“, изјави Савевски.