Во новото коло од шампионатот на Унгарија тимот на Кишварда за кого настапија Јасир Асани односно Марио Илиевски на домашен терен одигра 2:2 против тимот на Дебрецин за кого настапи Доријан Бабунски.
Иако домаќините на два пати имаа водство, сепак истото не го задржаа, па Барани со гол во третата минута од продолжението на мечот, успеа да спаси барем бод. Давид Бабунски е повреден и во моментов е вон конкуренција.