У-18 СП: Ракометарките после пресврт до билет за главната рунда!

203

Селекцијата на У-18 Македонија, вечерва успеа со 39-30 (20-19) да слави победа над Узбекистан во својот втор натпревар на СП кое се одржува деновиве во Скопје. Со оваа победа, втора во групата – Б, нашите репрезентативки се пласираа во главната рунда на овој Мундијал, без разлика што ќе направат во последниот меч и тоа против Иран, селекција која исто така има две победи во два меча.

Сепак мечот во Арената “Борис Трајковски“ не започна според очекувањата. Нашите девојки поведоа со 1:0, но потоа Узбекистан беше оној вистинскиот. Имено гостинките имаа водство со 1-4, 1-5, 2-7, 9-13, дури потоа избраничките на селекторот Љубомир Савевски направија серија од 4-0 и стигнаа до 13-13. На крајот од полувремето дојдовме до водство од 20-19, со овој резултат се замина на пауза.

Како почна лошо, добро е што овој дел од натпреварот го завршивме со водство, па макар и со еден гол.

Во вториот дел Узбекистан израмни на 20-20, но од тој момент на паркетот постоеше само селекцијата на Македонија па така во осмата минута од второто полувреме веќе имавме комотно водство од 28-22, па и 29-23.

Потоа тоа водство од 5-6 голови разлика во наша корист се стабилизираше, а во 50.минута водството беше и 32-25.

На крајот резултатот гласеше 39-30.

Најдобри стрелци во нашиот табор беа Бојана Коцева со 9 голови, Ризоска со 8, Јанкуловска со 6 погодоци.

ПретходноСалах ќе ти подаде рака…а ти го прегрнуваш! (ВИДЕО)
СледноСуперкуп: ПСЖ и без Мбапе беше пресилен за Нант, Нејмар и Меси со фантастични голови (ВИДЕО)