Македонската женска ракометна репрезентација У18 вечерва (20:30 часот) во СЦ „Борис Трајковски“ го игра последниот меч од групната фаза на Светското првенство кое се одржува во Скопје.
По стартните победи против Индија и Узбекистан, избраничките на Љубомир Савевски ќе играат против Иран. Станува збор за противник кој има две победи, исто колку и „црвено-жолтите“. По подобриот од оваа средба ќе патува како првопласиран во главната рунда и ќе пренесе два бода.
Доколку Македонија го освои целиот плен за пласман во четвртфиналето ќе и биде потребна само една победа.
Дуелот меѓу Македонија и Иран можете да го гледате на линкот во продолжение. Влезот во СЦ „Борис Трајковски“ е слободен.