Белгискиот напаѓач Дрис Мертенс одбил да се пресели во Јувентус затоа што не сакал да стане предавник на Наполи, пренесуваат италијанските медиуми. Тој е слободен откако му истече договорот со Наполи и е во потрага по нов клуб. Според „Газета дело Спорт“ Јувентус му понудил на Белгиецот пет милиони евра по сезона, но тој не сакал да ја прифати нивната понуда поради лојалноста кон Наполи.
Тој остави длабок белег во Неапол, изгради лице пред навивачите на Наполи и не сакал тоа да го расипе. Се поизвесно е дека тој ќе оди во клуб надвор од Италија, а се споменуваат Премиер лигата и Бундес лигата.