Уште еден добар трансфер на ПСЖ ова лето. И тоа ни помалку ни повеќе туку Ренато Санчез, репрезентативецот на Португалија, кој некогаше важеше за мег – талент во светскиот фудбал.
Играчот за врска на Лил, кој ќе добие 15 милиони евра, барем според тврдењето на Фабрицио Романо, магот на трансферите, веќе е нов член на “светците“ од Париз, се очекува само потврда.
Санчез од Бенфика во таа 2016 година направи супер трансфер во Баерн Минхен, но не успеа најдобро да се снајде, потоа во Лил одигра навистина квалитетно.
За него и Милан беше многу заинтересиран, но Португалецот сакал по секоја цена во ПСЖ.