Официјален претставник на Барселона, сакал да поткупи функционер на УЕФА со цел да ги истражи сите работи на ПСЖ и Манчестер Сити. Човекот на Барса најмнногу го интересирало како тоа работат овие два клуба во поглед на финансискиот фер – плеј. Ова го тврди новинарот Сајмон Купер од “Фајненшел тајмс“ во својата книга. Инаку настанот се случил пред две години.
“Па, добро, има ли некој во одделот за финансиски фер – плеј кој можеме да го платиме“ прашал претставникот на каталонците на официјалната вечера.
Од друга страна и покрај инсистирањето на јавноста, Купер не дава детали за тој настан.