Пролет и Бутел ги „запалија моторите“

110

Пролет ги стартуваше подготовките за новата сезона, во која целта ќе биде влез во плејофот, а потоа и борба за места кои водат во ракометна Европа. Првиот тим и во новата сезона ќе го води Алексо Лембанов, со што покрај во младите ракометари, доверба укажува и на млади ракометни стратези.

Нови ракометари се македонскиот репрезентативец Томи Јагуриновски, потоа повратникот во клубот Александар Василевски и црногорскиот голман Данило Михаљевиќ, кои беа дел и од денешниот прв тренинг. Со првиот тим сезонава ќе тренираат и ќе настапуваат и тројца кадетски репрезентативци на Македонија, кои по настапот на ЕХФ шампионатот за националниот тим ќе се приклучат на тимските подготовки.

Пролет утре заминува во Пехчево, а по враќањето во Скопје веднаш ќе следи и учество на турнир во Врање. Овој турнир ќе се одржи на 12 и 13 август, македонскиот тим ќе ги одмери силите со Динамо Врање и со Базел од Швајцарија.

Потоа тимот се враќа во Скопје, по што кон крајот на месецот ќе следи и учество на турнир во Охрид, на кој покрај домаќинот ГРК Охрид ќе учествуваат уште и екипите Тиквеш и на Партизан од Србија.

И тимот Бутел Скопје стартуваше со подготовките за новата натпреварувачка сезона, дел ќе се одвиваат во Пехчево, од 10 до 15 август, пред настапот на Струшкиот турнир од 16 до 20 август. Потоа ќе бидат одиграни уште неколку пријателски средби пред стартот на Суперлигата.
Досега се засиливме со голманот Филип Ивановски, како и бековите Мартин Манасков, Стефан Крстевски и Филип Николов, а покрај тренерот Грчевски договорите ги продолжија пивотите Јевтиќ и Стојчевиќ, како и бекот Стојановски.
Бутел го ангажираше и левиот бек од Борец, Илија Табаков и двајцата ракометари од младинската школа на Вардар, десниот бек Андреј Петрушевски и средниот бек Наум Тасески. Потпишани беа професионални договори и со шест ракометари од младинската школа – Дејан Михајловиќ, Марко Каевски, Петар Цветковски, Филип Бошковски, Наум Симјановски и Стефан Јовевски.
ПретходноСавевски: Ремито е најреален исход!
СледноЦрвена Звезда го „торпердираше“ Пјуник на Радески!