Јуниорите убедливо поразени од Шпанија, ќе се борат за опстанок во „елитата“!

233

Македонската јуниорска репрезентација го запиша четвртиот пораз на Европското првенство А Дивизија во Измир. Овој пат избраниците на Тони Симиќ беа убедливо совладани од Шпанија, крајниот резултат беше 73-45.

По лошото издание во Измир, „црвено-жолтите“ ќе се борат за опстанок во ова друштво, ако сакаат да останат ќе мора да почнат да победуваат.

И овој пат Македонија беше во бледо издание, против фаворитот Шпанија одигра само една просечна четвртина, во која противникот имаше проблеми, па резултатот беше 19-14, „Фуријата“ притисна во следниот период, го доби со 18-7 и на полувремето замина со 37-21.

Сликата на теренот не се промени ниту по одморот, Шпанија продолжи да билда позитива за мирен финиш.

ПретходноЛесјак: Кузмановски ми кажа убави зборови за Пелистер и за градот!
СледноАртим Шаќири: АИК е фаворит, но на теренот Шкендија се почитува само себеси!