Македонската женска кадетска репрезентација продолжува без пораз и по четвртиот меч на Светското првенство У18 кое се одржува во Скопје. Во првиот меч од главната рунда, „црвено-жолтите“ одиграа без победник против Шведска, Дукоска ги постави конечните 20-20.
Победа на овој меч значеше пласман во четвртфиналето, кое Македонија може да го обезбеди и со реми против Исланд во петок.
Селекторот, Љубомир Савевски по мечот потенцираше дека ремито е најреален исход.
„Мислам дека ремито е фер исход на овој натпревар. Имавме свои шанси, но Шведска е многу добар тим и тие одиграа многу тешко и добро“, изјави Савевски, кој заедно со ракометарките ќе имаат ден одмор пред главната битка за место меѓу најдобрите осум селекции на Мундијалот.