ГРК Тиквеш ја продолжи соработката со двајца ракометари од минатата сезона. Станува збор за играчи кои играат на пикерската позиција. Никола Стефановиќ кој е репрезентативец на Србија, втора година по ред ќе го носи дресот на кавадаречкиот состав.
Тренерот Данило Брестовац на располагање ќе го има искусниот Ристо Окардов.
Претходно раководството на ГРК Тиквеш ја продолжи соработката со Орданчо Лазов, Евгениј Темелковски, Страхиња Симиќ, Стефан Милков, како и Дарко Кондев и Димитар Коцев.