Вест Хем ги победи Њукасл и Евертон во трката по репрезентативец на БС Коска

283

Лондонски Вест Хем успеа да го реализира трансферот на Максвел Корне од Барнли и со тоа ја победи конкуренцијата во Евертон и Њукасл кои исто така притискаа за негов трансфер.

Тренерот на „чеканите“ Дејвид Мојс посакуваше левокрилен напаѓач, прво го сакаше Филип Костиќ но откако не успеа да го договори се сврте кон Корне кој има излезна клаузула од Барнли во висина од 17,5 милиони фунти.

Корне може да игра како лево крило, лев бек, па дури и централен напаѓач што го прави квалитетен фудбалер. Се очекува 25-годишниот фудбалер да ги изврши лекарските прегледи и да го комплетира договорот пред да почне сезоната во Премиер лигата.

Мојс сака и лев бек, а пикот е Лук Томас од Лестер. Исто така и играч од средниот ред, а во план е Амаду Онана од Лил. Исто така Вест Хем го следи и напаѓачот на Блекбурн Бен Бреретон Диаз.

Вест Хем во досегашниот летен преоден рок потроши 91 милион евра и тоа за Џанлука Скамака од Сасуоло, потоа бекот Наџеф Ажер од Рен, играчот од средниот ред Флин Даунс од Свонси и голманот Алфонсо Ареола од ПСЖ.

 

ПретходноРаботнички потпиша професионален договор со големиот талент Никола Манојлов!
СледноОфицијални состави: Шаќири ништо не менува, одново со Дориев, Гури, Шаља, Хасани во нападот