Речиси цел тениски свет е преокупиран со тоа дали Новак Ѓоковиќ сепак во последен момент ќе изнајде начин да игра на УС Опен (29 август – 11 септември). Се пишуваат писма до претседателот на САД Џо Бајден тој лично да му дозволи на Србинот да игра, но ништо од тоа. Новак не е вакциниран и не може официјално и легално да влезе во таа земја.
Сепак, сепак постои една неверојатна варијанта. Имено фановите на Новак му сурегираат да ја „испроба“ и сека се е легално.
А таа е тој прво да отпатува на Бахамите, а потоа со брод како турист да допатува на Флорида. Имено за влез на Бахамите се бара само ПЦР тест не постар од 72 часа, а ако влегуваш на Флорида со брод или ферибот не ти бараат доказ дека си вакциниран.
Е сега на потег е Новак, но тој тешко дека ќе се нафати на ваква „операција“ ако се знае низ што мина во Австралија.