Вечерва од 21 часот во Даблин, Шкупи ќе го одигра својот прв меч од 3.квалификациско коло во Лигата на Европа. Познато е дека стратегот на нашиот тим имаше мали проблеми со играчкиот кадар, па така мораше да направи измени во однос на последниот европски меч, оној со Динамо Загреб во Скопје.
Седлоски овој меч ќе го започне со следните единаесетмина…
НАУМОВСКИ, ТИМОВСКИ, СЕНГОР, МАРГВЕЛАШВИЛИ, ДЕМИРИ, КУЕВЕН, АЛВАРЕЗ, ЛАМАНЕ, ХАМИДИ, САНДЕЈ, РЕНАЛДО.
Формацијата е 4-3-3. Нови имиња се Демири, Тимовски и Ламане кој пред неколку денови дојде на Чаир.
Да се надеваме на добар резултат на нашиот шампион на гостувањето во Даблин.