Екипата на АИК Стокхолм денеска не успеа да ја совлада Шкендија на домашен терен во првиот меч до 3. коло во квалификациите за Конференциската лига. Тетовци поведоа по само 26 секунди игра, но и домашните брзо се соземаа, па со голот на Џон Гуидети во 17. минута веќе беа во егал.
По мечот, токму стрелецот Гуидети имаше свој коментар за средбата на „Френдс Арената“:
„Ако правиме анализа веднаш, дефинитивно мислам дека сме подобра екипа од нив. Требаше да го добиеме натпреварот. Ако се гледаат шансите за гол, ако се гледа играта, ако се гледа се, ние може да жалиме што не ги победивме. Но, добро, ова е добра лекција за нас пред реваншот, каде сум убеден дека ќе победиме“.