Шкендија одигра добро, успеа да остане непоразена на средбата со АИК во Стокхолм и има убава можност во Скопје на реваншот да го победи тимот од Шведска и се пласира во плеј – офот во ЛК. Секако дека АИК е добар тим, знае да одигра на резултат, но не е толку супериорен како што се мислеше.
Тие 1:1 од Стокхолм се добар резултат истакна по мечот стратегот на Шкендија Артим Шаќири.
„Јас и натаму сметам дека шансите се 50-50. Јасно е дека не чека тежок меч на реваншот во Скопје, но ние ова реми, овие 1:1 ги заслуживме. Ние одевме на победа, таа беше нашата цел, но сепак се виде дека АИК е силен тим, не чека голема борба на реваншот, но сега ние ќе ја имаме поддршката од трибините“ рече покрај другот по мечот во Стокхолм стратегот на Шкендија.