Така тоа го прават големите клубови. Со неколку промоции на своите нови имиња, на своите големи трансфери. По промоцијата во Мајами на плажа, сега дојде ред Барса да го претстави своето најголемо засилување Роберт Левандовски пред своите фанови на “Камп Ноу“.
И како што доликува, голем број фанови на Барса, потоа Хоан Лапорта и се разбира Левандовски кој покрај другото истакна:
“Многу сум среќен што сум овде со вас. Ви благодарам многу. Долг беше патот, но мојата среќа е огромна, се надевам дека со многу голови ќе ве радувам“ рече новата “деветка“ на Барса.
Со Левандовски, но и со останатите нови имиња секако дека Барса сега има тим кој и тоа како ќе може да се впушти во битката за титулата во Ла Лига, но и во битката за за пехарот во Лигата на Шампионите. Секако останува само уште да се средат формалностите околу регистрацијата, барем така смета Лапорта.
🚨 OFFICIAL: Robert Lewandowski will wear the number 9️⃣ shirt at Barcelona.
(🎥 @FCBarcelona)
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) August 5, 2022