Познато е како синоќа минаа нашите евро – претставници Шкупи и Шкендија на своите први мечеви во третата квалификациска рунда во Лигата на Европа и Лигата на Конференции.
Шкупи неочекувано убедливи загуби во Даблин и тоа од Шамрок Роверс со 3:1, додека Шкендија одигра добра партија во Стокхолм и ремизираше со АИК со резултат 1:1.
Реваншите се играат следната недела, а познати и се судиите.
Мечот меѓу Шкупи и Шамрок Роверс закажан е за 9 август (вторник) и тоа од 21 часот на Националната Арена “Тодор Проески“.
Главен судија ќе биде Алексеј Кулбаков од Белорусија, него ќе му помагаат неговите сонародници Дмитри Жук, Олег Маслјанко и Виктор Шимушик.
Шкендија пак ќе го пречека АИК на 11 август (чеврток), исто на Националната Арена “Тодор Проески“ од 20 часот.
На овој натпревар главен судија ќе биде Доналд Робертсон од Шкотска, а него ќе му помагаат Алан Мјулвани, Рос Маклеуд и Грант Ирвин.