Ужасни вести од Белгија: Ердон Даци на тренинг ги скинал лигаментите,следува долга пауза!

291

Ужасни вести пристигнуваат од Белгија, од тимот на Вестерло.Имено нашиот репрезентативец на тренинг ги скинал предните вкрстени лигаменти.Повреда која се смета за најтешка кај еден фудбалер.

Се разбира дека ова е голем шок за сите во неговиот клуб и лоша вест за нашиот селектор Благоја Милевски.

Инаку сега Даци ќе оди на операција, а потоа следува и повеќе месечна рехабилитација од некои 8-9 месеци. Јасно е дека за него во 2022 година нема веќе фудбал, а можеби и заврши цела сезона 2022/23.

Штета, имено убаво му тргна со Вестерло, беше стрелец во првото коло во елитната лига на Белгија,имаше интерес од неколку турски клубови, но ете, сега ќе мора да паузира да се опоравува.

Интересно е тоа што, како пренесуваат медиумите во Белгија, од стартот на сезоната за две недели дури шестмина играчи од клубовите во елитната лига ги скинале лигаментите,меѓу нив и Даци.

ПретходноТухел призна: Никој не сака да го допре дресот со број девет!
СледноПМФЛ – 2022/23: Османи, Јонуз и Тасевски со свои прогнози за новата сезона во ПМФЛ…