Македонската кадетска женска репрезентација по поразот од Исланд, прв на Светското првенство кое се игра во Скопје, ќе разигрува за деветото место. Прв противник на избраничките на селекторот Љубомир Савевски е репрезентацијата на Германија, овој дуел е зкажан со почеток во 14 часот во СЦ „Борис Трајковски“.
„Црвено-жолтите“ имаат подобар скор од противникот, три победи, реми и пораз, додека на другата страна Германките имаат три победи и два порази. Подобриот од оваа средба утре ќе игра со победникот од дуелот меѓу Хрватска и Норвешка.