Македонката Николина со Канада во финалето на шампионатот на КОНКАКАФ!

356

 

Николина Источки е гордост на македонската заедница во Канада. Посебно по пласманот во финалето со Канада на КОНКАКАФ шампионатот, во кое денеска ќе настапи и тоа против селекцијата на САД во Тампа. Николина во У-15 селекцијата на Канада е една од најдобрите фудбалерки, и тоа како напаѓач на селекцијата, чија најдобра репрезентација е олимписки првак.

Источки, чиј татко Трајче е роден во Торонто, а мајката Нада во Пустец, Албанија, е најдобар голгетер во селекцијата на Канада на овој турнир.Таа постигна три гола, од кои два во мечот против Јамајка (победа од 5:0) и еден против Порторико (победа од 4:1). Во групата Канада загуби од САД, но за Николина и останатите во таа репрезентација денеска е шансата за одмазда. Да кажеме дека во полуфиналето Канада славеше над Мексико.

Николина и целото нејзино семејство не крие дека се горди што потекнуваат од Македонија,во срцето ја носат својата Македонија.

Родена е во 2007 година во Мисисага, а фудбал почнала да тренира во локалниот клуб Мисисага Фалконс. Се разбира дека Горан Пандев и е фудбалски идол, како и Меси, Роналдо, Нејмар.

ПретходноПМФЛ: Во дербито “пандевци“ против Брегалница, Силекс го дочекува Работнички!
СледноГерманија прва пречка за кадетките во битката за 9. место на Мундијалот!